Свет

Маж во САД украл полициски автомобил

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: повредени четири лица, две потешко

Маж во САД вчера украл полициско патролно возило во Лос Анџелес додека полицаецот бил внатре, а потоа удрил во неколку автомобили на раскрсница во центарот на градот, пишува NBC News.

Околу 3 часот и 30 минути, напаѓачот скокнал во патролен теренец и почнал да вози. Полицајката која била во возилото во одреден момент била исфрлена од возилото, информираат од полицијата. Мажот потоа при кратка бркотница удрил во неколку автомобили и скутери, а потоа го оставил возилото и побегнал. Набргу потоа бил уапсен.

За време на инцидентот повредени се најмалку три лица, меѓу кои и една полицајка, но никој од нив не е во животна опасност. Како дел од обезбедувањето, полицајката патролирала околу празни облакодери, познати како „Кули на графити“, кои биле нападнати од вандали.

На почеток