(Видео) Торнада ја погодија Оклахома

Од
Објавено на

Нeколку торнада се формираа низ американската сојузна држава Оклахома вчера вечерта, вклучително и едно што помина низ Оклахома Сити. Засега не се знае колкава е штетата и нема информации за повредени, пишува News9.
Претходно во вечерните часови беа пријавени торнада на западот на државата. Првиот се појави во округот Роџер Милс, а следниот во близина на Кастер Сити.
