Македонија

Трагедија на автопатот Куманово – Скопје: има загинат, но и повредени

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на автопатот Куманово-Скопје во атарот на Агино Село, информира Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајката се случила околу 15 часот, кога автомобил во кој се превезувале три лица излетал од автопатот.Во несреќата починало едно лице, додека другите две со тешки повреди се пренесени на лекување.

„Околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на Агино село, кумановско, патничко возило „субару импреза“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А. (64) од Куманово, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот Б.Н. од Куманово, а лекар од Итна медицинска помош Куманово констатирал смрт. Возачот И.А. и сопатничката Д.Н. се здобиле со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција“, соопшти МВР.

На почеток