Македонија

Европската комисија бара Скопје и Атина да се придржуваат до Преспанскиот договор

Европската комисија, во изјава за „Еурактив“ ги повика Скопје и Атина да се придржуваат до Договорот од Преспа и да ги спроведуваат неговите одредби.

Портпарлот на Комисијата изјавил дека билатералните договори треба да се спроведуваат со добра волја од двете страни.

„Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување. Постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција“, изјави портпаролот.

Дипломатскиот проблем настана кога новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, на инаугурацијата, при читањето на свечената изјава одби да го користи официјалното уставно име на земјата, но документот сепак го потпиша како претседател на Република Северна Македонија.

На почеток