(Видео) Извлечени телата на иранскиот претседател и другите загинати од урнатините


Спасувачките служби ги извлекле телата на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и на уште осум лица кои патувале со хеликоптер што се урна вчера во планините на северозападот на земјата, соопшти утринава Црвената полумесечина.
„Во тек е трансферот на телата во Табриз, голем град на северозападот на Иран“, изјави шефот на Црвената полумесечина за државната телевизија, објавувајќи дека операцијата за пребарување е завршена.
Да потсетиме, иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа во планинска област во близина на границата со Азербејџан, соопштија утринава официјални лица и државни медиуми.
Остатоците од хеликоптерот во кој се урна Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан беа пронајдени рано утринава.
Смртта на Раиси ја потврди потпретседателот Мохсен Мансури во изјава објавена на социјалните мрежи и на телевизија.
Државната телевизија објави дека на снимките од местото на настанот се гледа како хеликоптерот удрил во врвот на планината, но нема официјални информации за причината за падот.
https://x.com/IrnaEnglish/status/1792445696156844543
