Македонија

Уапсен врховниот судија Наке Георгиев поради тргување со влијание

Полицијата по наредба на обвинител го уапси врховниот судија Наќе Георгиев. За него, е добиена пријава за трговија со влијание, а се споменуваат и средства од 10.000 евра со кои таа цел требало да се реализира.

Неофицијално, истрагата дошла до сомнежи и докази дека Георгиев за 10.000 евра требало да овозможи олесување на постапка за поранешен градоначалник од СДСМ, кој кривично се гони.

Кривичното дело за кое е уапсен Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делтоо ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.

Сопругата на Георгиев е обвинителка, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.

Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

На почеток