Врховниот судија Наке Георгиев однесен во станица, пред Врховен неуиниформирани полицајци
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“ потврдува дека врховниот судија Наке Георгиев е задржан на распит во полициска станица. Според информации на „Скопје1“ тој околу 17 часот е донесен во полициската станица во Кисела Вода, со полициско присуство.
„Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО-ГОКК, МВР презема дејствија“, велат кратко од ОЈО-ГОКК и најавуваат информации во текот на утрешниот ден.
Крим-полицајци има и пред зградата на Врховниот суд ова попладне. Засега не се открива каде е уапсен Георгиев, освен дека тоа било во Скопје.
Претходно, „Скопје1“ објави дека Георгиев е уапсен поради сомнежи за тргување со влијание за судски предмет во Врховниот суд.
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев поради тргување со влијание