Свет

(Видео) Ковчегот покриен со знаме: Иран денес го погребува трагично загинатиот претседател

Граѓаните на Иран денеска во вечното почивалиште ќе го испратат претседателот Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа на северозападот на земјата.

Погребот на претседателот ќе се одржи во Табриз, градот во кој беше на пат кога се случи несреќата, а неговото тело потоа ќе биде пренесено во Техеран.

Во несреќата загинаа и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и уште седум други лица.

Иранските медиуми објавија видео на кое се гледаат ковчезите на Реиси и Абдолахиан поставени еден до друг и покриени со ирански знамиња.

Како што пренесуваат медиумите, погребните обреди за претседателот на Иран и останатите повредени патници ќе започнат во 9:30 часот по локално време.

https://x.com/IRNA_1313/status/1792774030493110715

На почеток