Скопје

Мотоциклист удрил во паркирано возило: Однесен во болница со тешки повреди

На 20.05.2024 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(39) од Скопје, удрил во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од В.Л.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во приватна болница. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На почеток