Свет

Руски беспилотни летала погодиле украинска енергетска инфраструктура, делови од земјата без електрична енергија

Руски беспилотни летала погодиле електрани рано утринава, исфрлајќи ја струјата во некои делови од областа Суми во северна Украина, соопштија властите.

Во објава на комуникациската платформа Телеграм, регионалните власти соопштија дека беспилотните летала ги погодиле градовите Шостка и Конотоп, североисточно од Киев и во близина на границата со Русија. Воздухопловните сили на Украина собориле седум беспилотни летала користени во нападот, соопштија регионалните власти.

Украинската војска соопшти дека соборила 24 беспилотни летала лансирани од Русија во нападот во текот на ноќта врз пет други региони на југот и на истокот на земјата.

Службите за итни случаи работат на враќање на струјата во три окрузи во средата наутро.

Пред нешто повеќе од една недела, руските сили ја преминаа границата и почнаа да навлегуваат во североисточниот регион Харков, а властите предупредија на трупање војници и можен напад врз соседниот регион Суми.

На почеток