Свет

Шпанија и Ирска ја признаваат Палестина како држава

Лидерите на Ирска и Шпанија денеска соопштија дека е донесена одлука за признавање на Палестина како држава.

Ирскиот премиер Сајмон Харис на прес-конференција најави дека земјата ќе ја признае палестинската држава.

Неколку моменти подоцна, шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека неговата земја ќе ја признае државата Палестина на 28 мај.

Тоа претходно го направи Норвешка. Сите три земји формално ќе ја признаат Палестина на 28 мај.

На почеток