Македонија

Излезноста до 9 часот на седумте избирачки места е 7,22 проценти

Денес, во 7 часот наутро, започна прегласувањето за парламентарните избори во седумте избирачки места во Желино, Крушево, Охрид, Струга и Долнени.
До 9 ч., од вкупно запишани 4.514 гласачи на избирачките места, гласале 326 односно 7.22%.

Во ИМ 2101 во Желино гласале 101 гласач односно 10.17%.
Во ИМ1194 во Крушево, гласале 57 гласачи односно 12.15%.
Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 22 гласачи односно 7.38%.
Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 54 гласачи односно 7.59%.
Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 22 гласачи односно 3.34%.
Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 14 гласачи односно 2.22%.
Во ИМ 1844 во Струга, гласале 56 гласачи односно 7.44%.

Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 9 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 4.07% на овие избирачки места.

На почеток