Македонија

(Видео) Боро „Марлборо“ имал проблеми со срце, една недела пред да се спогоди за казната и да го пријави судијата за мито

Осудениот ексградоначалникот на Ново Село од СДСМ, Боро Стојчев познат како Боро „Марлборо“ има проблем со здравјето, откри во репортажата за подкастот „Претрес со Ландов“. Тој минатата недела бил однесен и во болница, каде имал интервенции.

„Здравствената состојба се имаше пожалено и беше однесен на Кардиологија, каде имаше интервенции. Вратен е повторно во притворското одделение. Не е проблематичен, само здравствената состојба ја пратиме будно и гледаме да не дојде до несакани дејствија“, рече Андов.

Ова се случило на само една недела пред Стојчев да се спогоди со Обвинителството за 5,3 години казна затвор, односно една недела пред неговиот син да ги пријави судијата Наке Георгиев за примање награда за противзаконито влијание заедно со членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети.

Боро Стојчев користи 60-минутно шетање во шеталиштата.

Гледајте го поткастот „Претрес со Ландов“ во живо и поставувајте прашања на јутуб каналот на prvatv.mk:

 

На почеток