Македонија

ДУИ загуби еден пратеник, Влен со пратеник плус

Заврши прегласувањето на 7 избирачки места во ИЕ5 и ИЕ 6.

По ова ДУИ изгуби еден пратеник во ИЕ 6, а коалицијата Влен доби уште еден народен избраник.

Ова го покажуваат сѐ уште неофицијалните резултати.

ВМРО-ДПМНЕ не успеа во петтата изборна единица да добие пратеник плус. ДУИ успеа во петтата изборна единица да го задржи истиот број пратеници. Ниту коалицијата предводена од СДСМ не успеа да прокнижи на свое конто уште еден пратеник.

За потсетување, денеска имаше прегласување на шест изборни места во петтата изборна единица, а на едно избирачко место во шестата изборна единица.

На почеток