Македонија

(Видео) Судијата Георгиев е со највисок степен на ризик во затворот во Шутка

Судијата Наке Георгиев не е привилигиран во затворот „Скопје“ во Шутка, кажа директорот Филип Андов во репортажата за подкастот „Претрес со Ландов“ . Според него, третманот е за сите исти. Се внимава на сите детали, а Георгиев е сместен соодветно.

„Проценките се направени. Не може да дискриминираме еден калибар на таков судија да биде ставен со било кого. Внимаваме на тоа. Тој е со највисок степен на ризик“, рече Андов.

Тој има право на 60-минути шетање на шеталиштето, кое го користи.

Гледајте го во живо поткастот „Претрес со Ландов“ и поставувајте прашања во коментари на јутуб каналот на prvatv.mk:

На почеток