Македонија

ДСЗИ: Договорите на нововработените се само со потпис од Иљази

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) откри дека договорите за вработување на 18 лица на Клиниката за токсикологија се неважечки, што претставува прекршување на Законот за здравствена заштита. Министерството за здравство ја задржува надлежноста да го реши проблемот и да утврди соодветни активности.

„Што се однесува до потпишувањето акти на самата клиника од страна на медицинскиот и организацискиот директор, кои имаат заедничка надлежност, децидно стои во Законот за здравствена заштита дека договори за вработување треба да бидат потпишани од двајцата директори, како и за отказни решенија, јавни набавки. Во овој случај станува збор за договори за вработување кои се потпишани само од организацискиот директор“, вели директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска.

Таа вели дека извршиле контрола на Клиниката откако на 2 мај издадоа решение во кое се забрани пристап на здравствени работници и работници кои немаат важечки договори за вработување и извршување здравствена дејност.

На почеток