Магазин

(Видео) Селин Дион го расплака целиот свет со порака: Ако не можам да одам, ќе ползам

Ѝ се влоши здравјето на Селин Дион, изгуби контрола над мускулите

Пејачката Селин Дион минатата година им се обрати на своите обожаватели и откри дека се бори со тешка болест.

На Селин и беше дијагностициран синдром на вкочанета личност, ретко автоимуно нарушување на движењето кое влијае на централниот нервен систем. Таа неколку пати разговараше со своите фанови, добија спротивставени информации, а сега е откриен и трејлерот од документарниот филм кој ја следи нејзината кариера и нејзината тешка борба за здравје.

Премиерата на филмот „Јас сум Селин Дион“ ќе биде на 25 јуни, а првиот трејлер ги расплака сите нејзини фанови.

„Работам напорно секој ден, но морам да признаам, тоа е борба“, рече Селин Дион и додаде:

“Ако не можам да трчам – ќе одам. Ако не можам да одам, ќе ползам. Ми недостасуваат луѓе.”, низ солзи изјави пејачката.

https://x.com/celinedion/status/1793644272782061961

На почеток