Свет

Брнабиќ: Ќе ми биде тешко да соработувам со земјите коспонзори на резолуцијата за Сребреница

„Ќе се чувствувам многу поблиска со земјите кои гласаа ‘против’ или ‘воздржано’, или ја напуштија просторијата“, изјави претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ еден ден по усвојувањето на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН.

Изрази благодарност до Унгарија која гласаше „против“ резолуцијата, како до Кипар, Грција и Словачка кои се воздржаа од гласањето, а особено го истакна примерот на Монако, чии претставници во Генералното собрание на ОН ја напуштија салата за време на гласањето.

„Голема благодарност до Монако. Тоа е и показател за голем интегритет“, 
рече Брнабиќ.

Документот го поддржаа 84 земји, „против“ беа 19, а „воздржани“ 68 држави. Резолуцијата беше предложена од Германија и Руанда, а потоа спонзорирана од уште 34 земји, вклучувајќи ги сите поранешни југословенски републики меѓу кои и Северна Македонија, освен Србија и Црна Гора.

На почеток