Македонија

Спремете се за пороен дожд и грмежи

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладнето, во северните и источните делови од земја, ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде од 21 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност поголема, а од пладневните часови и со умерен ветер од северозападен правец. Највискота температура е до 27 степени.

На почеток