Свет

Авион се урнал во близина на Загреб: има преживеани, леталото било за тренинг

Авион се урна пред малку во близина на Загреб, јавува хрватскиот портал 24сата.

Станува збор за помал авион кој се урна во реонот на аеродромот во Јеждовац. Како што наведуваат хрватските медиуми, најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион.

– Во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициските службеници со излегување на терен ја потврдиле точноста на пријавата. Се пружа помош на настраданите, местото на настанот е обезбедено – известуваат од хрватската полиција.

– Неофицијално три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.

– Неофицијално дознаваме дека три лица се повредени, еден маж е под авионот, а по уште еден се уште се трага. Се работи за унгарски авион.

На местото на несреќата е испратена брза помош, како и пожарникари.

На почеток