Свет

Кого претставуваше Сиљановска Давкова, венецот на спомен плочата на Кирил и Методиј без име на државата

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова положи венец на спомен плочата на Кирил и Методиј без име на државата.

Ова се случи на нејзиното прво меѓународно патување, на одбележувањето на ликот и делото на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј во Рим.

Таа постави венец, само со своето име:„Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“.

Венеците традиционално се положуваат во базиликата „Санта Марија Маџоре“ на плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и гробот на Св. Кирил, освен нејзиното име, не стои, како секогаш името на државата. Новата претседателка не го признава уставното име на државата.Освен уставното име таа не го изговара ниту името Република Македонија.

За разлика од неа, на венецот што го положи Румен Радев јасно е наведено Република Бугарија.

На почеток