Македонија

Сиљановска Давкова не гледа причина да го свика Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во моментов не планира да го свика националниот Совет за безбедност во врска со наводите за постоење индиции за дестабилизација на државата на кои предупреди премиерот Мицковски.

Најави дека седница на Советот може да биде одржана по неговото комплетирање, а темите, како што посочи, ќе бидат она за што денес се расправа глобално и во Европа, а тоа е каде оди и што се случува во светот.

Не гледам дека тие наводни индиции се реалност, вели претседателката.

,, Индиции за дестабилизација се едно, закани за дестабилизација се друго, но реалноста е поинаква.Реков дека нема да го свикам Советот зашто мислам дека во ова време невереме кога треба да се справуваме со пожарите како стихија, ние се соочуваме и со други закани под наводници.Не гледам дека тие закани се реалност во моментов”, изјави Сиљановска Давкова.

Таа е повеќе од три месеци на функцијата, но се уште не го конституирала Советот зз безбедност. Се уште разгледува како треба да се пополни СБ.

,, Мислам дека е дека е добро еден член да биде некој кој нема ништо со политика и партии, туку е експерт за климатски промени и климатска заштита. Другиот да е експерт за евроинтеграции бидејќи се што правиме е врзано со нашето враќање во Европа каде што ни е местото.

И третиот треба да е експерт за глобализацијата, која веќе не е само американизација, туку гледаме мултиполарен свет, а се соочуваме и со војна што е пораз за целото човештво и за сиот свет, бидејќи и европскиот проект е мировен проект, ОН се мировен проект”, рече Сиљановска Давкова.

На почеток