Свет

Најкрвавиот напад досега, десетици мртви во Рафах: Израел тврди дека цел бил комплексот на Хамас

Газа: Израелски снајперист уби две жени во парохијата на Светото семејство

Најмалку 40 цивили загинаа, а многумина се повредени во израелските воздушни напади врз градот Рафах на југот на Појасот Газа, јавуваат палестинските медиуми. Од друга страна, израелските одбранбени сили (ИД) тврдат дека извршиле прецизен напад врз комплексот на Хамас, а еден од командантите на милитантите е убиен.

Агенцијата Вафа наведува дека најмалку осум ракети погодиле шатори во северозападниот дел на градот, каде се сместени раселените Палестинци.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека нејзината теренска болница во Рафах прима голем број повредени, а голем број пациенти примаат и други болници.

Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, нападот во Рафах го опиша како „масакр“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле прецизен напад врз комплексот на Хамас во градот Рафах, каде се собирале високи претставници на палестинската милитантна група, пишува Тајмс оф Израел.

ИД подоцна објави дека во нападот биле убиени командантот на штабот на Хамас, Јасин Рабија, и уште еден член на Хамас.

На почеток