Свет

Осум ракети го погодија Рафах: Се гори, повеќе од четириесет мртви

Бројот на загинатите во израелските воздушни напади врз градот Рафа се искачи на 45, а како што пренесуваат медиумите, претежно се деца и жени.

Агенцијата Вафа наведува дека најмалку осум ракети погодиле шатори во северозападниот дел на градот, каде се сместени раселените Палестинци.

Палестинската Црвена полумесечина (PRCS) соопшти дека нејзините тимови пренеле голем број тела и повредени откако израелската армија удрила во шаторите на раселените луѓе во Рафах.

„Луѓето кои беа во шаторите, главно жени и деца, изгореа живи“, објаснуваат тие.

За нападот на Рафах зборуваа и претставници на Хамас.

„Во светлината на страшниот ционистички масакр извршен вечерва од криминалната окупациска армија врз шаторите на раселените, ги повикуваме масите на нашиот народ на Западниот Брег, во Ерусалим, на окупираните територии и во странство да застанат и да маршираат гневно против ционистичкиот масакр на нашиот народ во Појасот Газа“, рекоа тие од Хамас.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека нејзината теренска болница во Рафах прима голем број повредени, а голем број пациенти примаат и други болници.

Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, нападот во Рафах го опиша како „масакр“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле прецизен напад врз комплексот на Хамас во градот Рафах, каде се собирале високи претставници на палестинската милитантна група, пишува Тајмс оф Израел.

ИД подоцна објави дека во нападот биле убиени командантот на штабот на Хамас, Јасин Рабија, и уште еден член на Хамас.

https://x.com/MoieenMahmoud/status/1795000798553792999

На почеток