Во Белград до смрт претепан брат на потретседател на Владата на БиХ
Од
Објавено на
Човекот кој загина по тепачката во Вождовац е брат на потпретседателот на Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина и министер за развој и претприемништво, Војин Мијатовиќ, пренесуваат медиумите.
Ѓ.М загинал по конфликт на теренот во Вождовац.
Вишото јавно обвинителство во Белград и нареди на полицијата да ги идентификува учесниците на настанот и да ги собере сите потребни податоци и информации за настанот од 26 мај 2024 година во Вождовац, по што Ѓ.М (37) почина во Ургентниот центар во Белград.
Обвинителството нареди обдукција со токсикологија на Ѓ. М, за да се утврди точната причина за смртта, соопшти обвинителството.