Македонија

Нов состав, нов спикер, утре во 11 часот конститутивна седница на 11-от Парламенет

Утре во 11 часот започнува конститутивната седница на новиот собраниски состав, 11 ти во независна Македонија.

На почетокот ќе се избере верификациона комисија за верификација на 118 мандати, потоа Комисија за избори и именувања која ќе предложи претседател а потоа ќе се гласа за добранискиот спикер.
До изборот со седницата ќе претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи-Коџаџику.

Според новиот Деловник кој долго се договараше оваа седница може да трае само три дена е ограничена на најмногу три дена, согласно новиот Деловник. Ова е една од клучните измени со што ќе се избегнат настани како ,, Крвавиот четврток”, филибастерингот, злоупотребата на европски знаменца.

Според досегашните резултати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија имаат 58 пратеници, СДСМ и коалицијата За европска иднина 18 пратеници, ДУИ и коалицијата Европскиот фронт 18 пратеници, коалицијата Вреди 14 пратеници и партиите ЗНАМ и Левица кои имаат шест пратеника.

По конституирањето на новото Собрание, почнуваат да течат роковите за формирање на влада.

Гордана Сиљановска-Давкова, е должна во рок од десет дена да го додели мандатот за состав на идната Влада на кандидатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во парламентот.

Согласно роковникот, мандатарот, новата влада треба да ја состави и предложи во рок од 20 дена.

Мицкоски веќе изјави дека нема само 58 пратеници на коалицијата Твоја Македонија, што ги освоија на изборите, туку 61 пратеник и со тоа и мандат за состав на влада.

На почеток