Македонија

(Видео) Ќе ја кажам срамната придавка, немоќен сум во овој момент, ама ќе правам се да го исправам тој срам, порача Мицкоски до СДСМ

Ви благодарам, ќе ги имам на ум во натамошното делување, повеќе како пример како не треба“, вака мандатарот Христијан Мицкоски одговори на критиките од опозицијата на седницата за избор на нова Влада. Тој кажа дека на народот му е доста од препирки помеѓу политичари, па смета дека треба да се посвети само на проблемите кои ги имаат граѓаните. За критиките смета дека се обид за дефокус.

„Нападите кои ги слушам овие два дена, се сведуваат на две тези: првата е Преспанскиот договор и вратете го името и второто е Францускиот предлог. Поради клевети СДСМ е двапати осудена, а тоа што не се извинивте е друга работа. Вие не ја научивте лекцијата од граѓаните. Еве ќе ви дадам два совети: првиот е дека со лаги нема да ја вратите довербата од граѓаните бидејќи тие знаат што правевте и зошто ја изгубивте, за да ја вратите треба време, а ние во ВМРО-ДПМНЕ бевме свесни дека треба да му дадеме време на времето. Јас во политичка пензија испратив еден ваш претседател, а вториот е тука се уште политички активен, а следната година по локалните избори ќе треба да бирате и четврти. Изборите ги изгубивте бидејќи играа фудбалчиња вашите коалициони партнери, понижувајќи ве вас, ви се случи Ласкарци, Беса Транс..“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека неговата рака била подадена и ќе биде за националните интереси.

„Втората теза дека за Преспанскиот договор сме викале една работа, сме правеле друга – не само што е страмна, еве уште еднаш да ви појаснам, ваков бугарски договор под ваков диктат, нема да донесе уставни измени додека јас сум премиер. Таа работа како што вие или некој друг ја замислил, не врви. И да ќе ја кажам срамната придавка во заклетвата, бидејќи таа ме потсетува на срамот кој го нанесовте на мојата татковина, моето семејство, децата, и тие по нив. Јас ќе правам се што можам тој срам да го исправам, а во овој момент сум немоќен“, додаде Мицкоски.

На почеток