Македонија

Мицкоски за Апасиев: Се однесуваат како група на џанаци, ние дадовме бланко понуда, ама тој правеше планови за летување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев дека ќе даде бланко поддршка за проектите ако Африм Гаши не биде собраниски претседател, рече дека таа партија се однесува како група на џанаци.

„Димитар Апасиев имаше бланко понуда од ВМРО-ДПМНЕ пред изборите да се приклучи, тој одлучи да се посвети на плановите каде ќе ужива летото дали на Хургада или друга грчка плажа. И како што еден од неговите поранешни сопартијци вика дека тие се група на џанаци, така и продолжува да се однесува“, рече Мицкоски.

Во тек е конститутивната седница на новиот собраниски состав.

На почеток