Македонија

Апасиев: Даваме бланко поддршка, да не биде повторно косоваризиран македонскиот парламент

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, рече дека ќе ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ ако Африм Гаши не биде собраниски претседател, а во Собранието се зборува само македонски јазик. Тој посочи дека противуставен е Законот за јазици по кој претходно Талат Џафери претседаваше со седниците на албански јазик.

„Не ние би дале поддршка од нашите шест за да не биде претседател на Собрание. Отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка, на невидено, само за да не биде повторно косоваризиран повторно македонскиот парламент. Противуставно е да се зборува на друг јазик освен македонскиот кога се преседава со седница“, рече Апасиев.

Тој додаде дека ако зборува на македонски, може да преседува.

„Си ги гласавте патриотите тоа ќе ви биде реалноста“, додаде Апасиев.

На почеток