Свет

Израелските тенкови стигнаа до центарот на Рафа

Неколку израелски тенка денеска стигнаа до центарот на Рафа, рекоа очевидци, три недели по почетокот на копнената операција во градот во јужниот дел на Појасот Газа.

Тенковите се забележани во близина на џамијата Ал-Авда, централната знаменитост на Рафа, објави Ројтерс.

Во меѓувреме, војниците продолжија да го напаѓаат градот од воздух и со тенковски оган, продолжувајќи ја својата офанзива и покрај меѓународната осуда за нападот во неделата.

Нападот, чија цел беа двајца претставници на Хамас, предизвика голем пожар во камп со шатори каде што беа засолнети раселените луѓе, при што беа убиени 45 Палестинци, според локалното Министерство за здравство.

На платформата Икс е објавена снимка на телевизијата Ал џезира на која се гледаат тенкови како напредуваат западно од Рафа, јавуваат израелските медиуми.

Околу еден милион луѓе избегаа од градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа во последните три недели, соопшти агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА).

На почеток