Свет

Oдреден притвор за малолетникот осомничен за убиството на братот на вицепремиерот на БиХ, се предал и второосомничениот

Приведен штипјанец по централна потерница за издржување казна затвор од три и пол години

Судијата за малолетници на Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на малолетникот Ф.Б.(16), кој е осомничен за тешкото убиство на Ѓорѓе Мијатовиќ (40), брат на Војин Мијатовиќ, министер во Владата на Федерација на Босна и Херцеговина.

Неговиот притвор е одреден за да не влијае на сведоците, за да не го повтори кривичното дело за краток временски период и поради нарушување на јавноста.

Денеска се предаде и уште еден малолетник осомничен за убиството.

Двајцата се осомничени за кривично дело тешко убиство.

МУП вчера соопшти дека припадниците на МВР во Белград интензивно работат на пронаоѓање на две лица, кои се осомничени дека претепале четириесетгодишен маж, кој починал во Ургентниот центар.

Како што е наведено, полицијата во неделата во 18 часот и 20 минути добила пријава дека две лица претепале четириесетгодишен маж во парк во Вождовац.

На почеток