Свет

Вториот напаѓач на братот на потпретседателот на Владата на БиХ преку мајка му рекол дека ќе се предаде во текот на денот

Почина бремена жена во Србија, семејство слета во кањон длабок 100 метри

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека полицијата ги идентификувала двајцата напаѓачи на Ѓорѓе Мијатовиќ, братот на вицепремиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, кој беше убиен завчера во Белград, а еден од нив Ф.Б.(16), веќе е уапсен.

Дачиќ во изјава за новинарите рече дека вториот напаѓач Н.З. (17) преку мајка му рекол дека во текот на денот ќе се предаде.

Малолетните осомничени се товарат за тешко убиство. Ф.Б денеска беше сослушан во Вишото јавно обвинителство, по што беше предложен притвор.

Како што беше потврдено, малолетниците се осомничени дека го удирале Мијатовиќ во глава, кој почина неколку часа подоцна.

На почеток