Македонија

Не може изјава да врати чекор наназад, вели Сиљановска за некористењето на „северна“

Не мислам дека изјава може да врати чекор наназад во односите, тие такви какви што се, а може да се добри кога ние навистина сме исчекориле во евроинтеграцијата, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за забелешките на Грција од каде реагираат дека не го користи уставното име Северна Македонија.
„Ако го смените името врз основа на референдумско прашање, дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор, тоа е обврска. Не само за нас. Референдумот не беше успешен, но Собранието го смени името. Колкумина луѓе познавате вие кои го смениле името? Односно не го смениле сами, туку им го смениле?“, рече Сиљановска-Давкова.
Според неа, ситуацијата во која сме денеска не е win-win.
„Ако некој мисли тоа што сме членка на НАТО ги решила проблемите, не мислам дека е така. Добро е што сме членка, но не е чекор напред, за да бидеме пред промена на Уставот, за да почнеме да преговараме“, додаде претседателката.
Таа рече win-lose е ситуацијата.
„Според тоа, логично би било сите сите да ги реализираат преземените обврски“, додаде Сиљановска-Давкова.

На почеток