Македонија

Битиќи откри како ќе делува во Собранието

,,Демократијата, почитувањето на различностите и застапувањето на интересите на слободни, еднакви и солидарни граѓани и граѓанки, се мои политички идеали – основата на мојот пратенички мандат, кој денес беше верификуван во Собранието на Република Северна Македонија.

Граѓаните и граѓанките ми дадоа нова можност дополнително да ја зацврстам и изразам мојата политичка вертикала од високи етички и демократски вредности, што значи почитување и постапување согласно највисоките стандарди на интегритет, чесност и транспарентност. Нивната доверба ќе ја оправдам, а очекувањата ќе ги надминам.

Мојата улога во Собранието нема да биде опструктивна, туку конструктивна. Мојот личен влог во развојот на парламентарната демократија ќе биде борба за воспоставување на деликатна рамнотежа меѓу аргументираната критика и постигнувањето на надпартиски консензус за стратешки и развојни прашања за државата.

Ќе продолжам неуморно да бидам гласот на различностите во собраниските клупи, затоа што тоа е силата на нашата држава.

Политички пат останува јасен – во сојузништво со слободни, еднакви и солидарни граѓани и граѓанки да се соочиме со предизвиците и да ги реализираме нашите европски аспирации.”, напиша Фатмир Битиќи.

На почеток