Македонија

Не реков дека ќе покренам поништување на Преспанскиот договор, не сум го ни прекршила, вели Сиљановска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова посочува дека не го спори Преспанскиот договор ниту пак, новото уставно име Северна Македонија. Таа посочи дека тоа го потврдила со потпишување на изјавата во Собранието со Северна Македонија.

„Не ја искинав изјавата, ниту реков дека ќе покренувам постапка за поништување на Преспанскиот договор, не. Јас само усно си го искористив, сократовски, правото на слбоодно изразување на мислата, така како што го прават и други претседатели, како и претседателот на САД. И тие употребуваат скратени изрази. Инаку треба да се автоцензурирам. Јас исто така знам на телевизиите оди многу често Македонија, па и тие имаат проекти од државата. Имаме партија финансирана од државата, а во името си има Македонија. Мислам на СДС. Да не зборувам за други институции, името на МАНУ. Зошто? Тоа не е толку лесно да го направите. Јас се чудам на тие што еден потег на перото вие може да се трасформирате. Тоа е дел од мене. Се што сум направила во животот е во Репбулика Македонија. И сега од 2019 година е поинаку, не можам постојано да се потсетувам“, вели Сиљановска-Давкова.

Сиљановска-Давкова за непраќањето на писмото од Стејт департментот со честитка за нејзиното назначување рече дека е нивна одлука.

На почеток