Скопје

Скопјанец натепан од девојка му, во Аеродром жена натепана од поранешниот дечко

На 29.05.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека на 27.05.2024 околу 19.10 часот во канцеларија на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата партнерка М.С.(45) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.05.2024 во 21.16 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека на 25.05.2024 околу 01.30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер П.Р.(38) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток