Свет

Русите повторно го нападнаа Киев: Уништен енергетски објект, дел од граѓаните без струја

Во рускиот ракетен напад врз Киев е уништен енергетски објект, а оштетена е и електричната мрежа, соопшти денеска енергетската компанија ДТЕК.

Најголемата приватна приватна енергетска компанија во Украина во соопштение на Телеграм наведува дека снабдувањето со електрична енергија главно е обновено со помош на резервни извори, но дека се уште има потрошувачи без струја, пренесува Ројтерс.

Шефот на киевската администрација Серхи Попко претходно изјави дека поради фрагменти од проектил избувнал пожар во нестанбена зграда во областа Холосиевски во Киев.

Според прелиминарните информации, во нападот нема жртви, а градската управа соопшти дека украинската воздушна одбрана ги соборила сите руски ракети.

На почеток