Германија одобри Украина да го користи испорачаното оружје за напади на територијата на Русија
По САД, Германија и дозволи на Украина да го користи испорачаното оружје против руски цели. Владиниот портпарол рече дека тоа е во согласност со меѓународното право.
„Заедно сме убедени дека Украина има право да се брани од овие напади според меѓународното право“, се вели во соопштението.
„За таа цел, исто така, може да користи за оваа намена оружје што е доставено, а од Германија, во согласност со нејзините меѓународни правни обврски. Украина е под воен притисок, особено во регионот Харков, пишува ДВ.
Претходно, САД одобрија употреба на американско оружје за цели во Русија во ограничен обем. Ова се однесува само на контра удари во одбраната на градот Харков на истокот на Украина, објавија меѓу другото Политико и Си-Ен-Ен.