Македонија

Пронајдена дрога кај тројца малолетници од Велес

Пронајдени различни видови дрога при претрес во Штип, приведени две лица

На 30.05.2024 во 22.20 часот на место викано „Прилепски пат“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода тројца малолетници од Велес.

Тие биле затекнати во патничко возило и откако ги забележале полициските службеници од возилото фрлиле марихуана која била пронајдена до возилото и одземена.

Малолетниците биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На почеток