„Сапуницата“ во Уставен суд: уште двапати гласале за претседател, ама повторно не избрале
Од
Објавено на
Денеска продолжи постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд. Во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство.
Со согласност на сите судии беше договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни.
Мандатот на претседателката Добрила Кацарска истекува на 2 јуни 2024 година.