Македонија

Трагична несреќа: битолчанец загина, со автомобил излетал од патот

ФОТО Илустрација

На 31.05.2024 во 14.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на земјен пат во атар на с.Кременица, битолско, Ж.Р.(63) од с.Средно Егри, битолско, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

На почеток