Македонија

Апсење: Велешани се дрогирале во охридски угостителски објект

На 01.06.2024 во 01.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, ги лишија од слобода А.Д.(35) и Д.П.(33), двајцата од Велес.

Тие се затекнати при користење опојна дрога а при преглед кај Д.П., пронајдени се две пакувања со бела прашкаста материја.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток