Коментари

Доктор Каревски предлага решение за Клинички: Со доволен број на боци во секоја сала на Клинички, тие би можеле да работат?

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург смета дека можеби салите во Клинички центар „Мајка Тереза“ можат да се вратат во функција, доколку анестезиолошката машина биле исклучена од централен довод и секоја сала има доволен број боци на кислород и воздух. Ова го предлага како решение откако повеќе од половина месец тие се вон функција бидејќи од централниот довод се шири миризба.

„Не сум инжињер но сакам и мислам дека ми е должност да ја познавам опремата со која што работам. Со оглед на тоа до сега не сум сретнал анестезиолошка машина која не функционира на боци и која исклучиво бара централен довод на кислород и воздух, ми личи дека со доволен број на боци секоја сала би можела да работи. Можеби грешам, а можеби и за тоа треба тендер?“, пишува Каревски.

На ова реплицираше Дејан Трајковски, професор во Универзитет “Св. Климент Охридски” Технички Факултет – Битола.

„Порано, додека немаше централен довод во болниците можеа да се видат само боци. Како привремено решение можат повторно да се користат, иако најправилно би било да се оспособи централниот довод на гасови. Ова сето предолго трае и укажува на целосна негрижа и неспособност, а не треба да се исклучи ни диверзија, т.е. специјална војна“, напиша Трајковски.

To Top