Македонија

ЗНАМ ќе го добие Министерството за правда, но Бендевска нема да го добие министерското место

Политичката опција ЗНАМ на Максим Димитриевски ќе добие две министерски места во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дознава „Скопје1“.

За сигурно, договорено е дека во нивни раце оди Министерството за правда. Но, иако во јавноста се лицитира дека идна министерка ќе биде Весна Бендеска која три мандати беше пратеничка на СДСМ, извори за „Скопје1“ брифираат дека тоа не е точно.

Гледајќи наназад, на министерското место во ова министерство, традиционално доаѓал правик. Затоа, се очекува, така да биде и овојпат. Бендевска е дипломиран психолог.

Познато е и дека ВЛЕН ќе добие четири министерства, додека останатите ќе ги раководат кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток