Македонија

(Видео) Зошто Македонија остана без тенкови и авиони пред да набави „модерни средства“?

Ексминистерката за одбрана, Славјанка Петровска во поткастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за донацијата дадена кон Украина, по која, Македонија остана без тенкови и авиони. Таа кажа дека истите се заменети со „модерни средства“, но истовремено, призна дека истите се во фаза на набавка.

Граѓаните во текот на поткастот кој се емитува во живо велеа дека сега Македонија може да ја окупира ловачко друштво.

„Армијата денес, е многу поопремена од пред 10 години“, рече Петровска.

Поткастот „Претрес со Ландов“ се емитува секоја среда во 21 часот, во живо. Погледнете ги и претходните епизоди: ТУКА

 

На почеток