Македонија

Товарно возило прегазило пешак во Пехчево

На 01.06.2024 во 07.40 часот било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Пехчево товарно возило „мерцедес“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(64), удрило во пешакот А.В.(66), двајцата од Пехчево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Пехчево.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.

На почеток