Македонија

(Видео) Петровска: Можеби ќе се повлечам од политика, можеби ќе ме исфрлат на страна, можеби ќе ми бидат соработници

Пратеничката на СДСМ, која се кандидираше за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска, во „Претрес со Ландов“ кажа дека можеби и ќе се повлече од политика, но можеби и ќе биде иден претседател на СДСМ. Според неа, сите можности се отворени. Трката за местото се вжештува.

„Трката за претседател на СДСМ, не треба да се води на телевизии, туку битката треба да се води, односно кандидатите да се води внатре меѓу кандидатите“, рече Петровска.

Според неа, предизвик е да биде наследник на Димитар Ковачевски.

„Со сите противкандидати имам коректни конеции, со некои почесто, со некои поретко се гледам. Можеби во идно време тие ќе бидат мои соработници, можеби јас ќе бидам нивни соработник“, додаде Петровска.

На констатација од водителот дека можеби ќе ја исфрлат на страна, таа рече: „Никогаш не вели никогаш за некои работи, можеби јас ќе се повлечам од политиката“.

На почеток