Силни воздушни напади врз Сирија: Загинаа неколку лица
Израел изврши воздушни напади врз областа во и околу градот Алепо во Сирија, каде што загинаа неколку лица, соопшти државната телевизија на земјата.
Државните медиуми во Сирија не наведоа конкретно колку жртви имало, а невладините организации соопштија дека се убиени најмалку 12 лица блиски до проиранската група која дејствува во северниот дел на Алепо.
Нападот се случил околу 23:20 часот по локално време. Од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври минатата година, Израел постојано напаѓа цели во Сирија, особено оние кои се поврзани со режимот во Иран.
Претходниот напад се случи на 29 мај, кога едно дете загина, а 10 цивили беа повредени во израелско бомбардирање.