Македонија

Сиљановска за Ахмети и ДУИ: Опасно е да бидете секогаш власт, власта оптоварува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека нема никаква „мајоризација“ врз малцинството, како што обвини ДУИ, па им испрати порака дека опасно е да бидете секогаш на власт.

„Апсолутно не држи тоа обвинување. Не знам што значи тоа мајоризација на малцинството. Еден победник има на изборите, секогаш нашите влади биле мултиетнички. Не можам да забележам мајоризација. Изборот се прави според идеолошката определба, според програмските определби, по наоѓањето со кого би постигнале најдобри реформски резултати“ рече Сиљановска-Давкова и додаде:

„Опасно е да бидете секогаш власт, логично е да бидете опозиција, некогаш власт. Власта оптоварува, апсолутната власт – апсолутно“.

На почеток