Македонија

Топол бран во Македонија: Очекуваме температури до околу 40 степени

Над 61.000 лица лани починале од жешкото време во Европа

Под влијание на многу топла воздушна маса со петекло од северните предели на Африка, во Македонија од овој петок, па се до следниот вторник ќе имаме особено високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите се очекува да се искачат дури до околу 40 степени.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, додека во попладневните часови не се исклучува можноста и тоа особено во планинските предели за појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје за време на овој топол бран и тоа во периодот од овој петок, па се до следниот вторник температурата ќе се искачи до околу 35 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност овие денови и ќе изнесува коефициент помеѓу 8 и 9.

На почеток